Македонија
6. May 2018 - 17:23

Д Тоустерс го затресоа Скопје

Вчера во просториите на МКЦ Клуб ресторанот, успешно беше одржано второто издание на фестивалот МУЛТИКУЛТИВАТОР во организација на здружението КУЛТИ ВАТОР и со поддршка од Град Скопје.

На истиот настапи реномираниот американски ска состав Д Тоустерс кои допатуваа специјално за Мултикултиватор фестивалот во Скопје.

Покрај составот на сцената на МКЦ клуб ресторанот настапија со свои диџеј сетови и Диџеј Агнеса и Диџеј Рутбој.