Македонија
22. September 2021 - 20:35

Д-р Мојсовa: Начинот на исхрана и живеење има проекција во здравствената култура на граѓаните

Д-р Маја Мојсова од консултатитвното тело на министерот за здравство за справување со Ковид кризата во Тема на денот на Сител Телевизија појасни дека коронавирусот не се лекува со антибиотици и дека за него нема конкретна терапија.

-Кога почна пандемијата, по порталите и медиумите беше објавувано дека сумамедот помага во лечењето од коронавирусот. Вирусот не се лекува со антибиотици. За него немаме конкретна терапија, вели Мојсова.

Според неа, во зависност од хронологијата на пациентите, многу лежење доведува до пневмонија и овозможува да се накамлени бактериска инфекција.

-Нема специјален лек за короната. Начинот на исхрана и живеење има проекција во здравствената култура на граѓаните. Кај многу млади видовме многу масти и висок крвен притисок. Правилата кај болеста не важат, потенцира Мојсова посочувајќи пример со 40-годишна пациентка која била извадена од респиратор и пратена на домашно лекување,а понатаму доживеала мозочен удар.

-Вакцинираните поминуваат со полесна клиничка слика, заклучува д-р Мојсова.