Македонија
15. January 2022 - 12:15

Д-р Мехмедовиќ: Ако луѓето намерно се заразуваат со Омикрон, ќе предизвикаат синџир на пренос

Доктор Злате Мехмедовиќ во изјава за Фокус вели дека никој не може со сигурност да каже дека омикрон ќе биде последната варијанта со која ќе заврши пандемијата.

-Мислам дека сериозен проблем преставува промовирањето на тезата за намерна експозиција на оваа условно кажано „лесна-блага“ варијанта на вирусот со цел да се создаде суперимунитет, па дури се промовира и да не се носат маски на затворено, да нема затворање на рестораните и кафаните, како и да не се користат ковид сертификати“, објаснува доктор Мехмедовиќ за „Фокус“.

Доктор Мехмедовиќ останува на ставот дека ако луѓето намерно се заразуваат очекувајќи дека омикрон варијантата е полесна, потенцијално ќе предизвикуваат синџир на пренос (домино ефект) и ќе го преплават веќе преоптоварениот здравствен систем.