Д-р Јовановска: Не е вистина дека се работи за родилка и дека наместо папочна врвка и биле пресечни цревата
33-годишна пациентка вчера починала на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а на социјалните мрежи се појавија информации дека на пациентката ѝ биле пресечени цревата наместо папочната врвка. Директорката на ГАК, Викторија Јовановска, која ја извршила операцијата и е посочена како виновник за смртта на младата жена за „Слободен печат“ ги демантираше овие информации.
– Многу жалам за изгубениот млад живот. Но, не е вистина дека се работи за родилка и дека наместо папочна врвка и биле пресечни цревата. Пациентката дојде на операција поради огромен миом во мала карлица, со рапиден раст во последните месеци. Воопшто не беше лесен случај, пациентката претходно била оперирана од пленоктомија, односно и била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на клиниката, рече во изјава за „Слободен печат“ директорката на ГАК, Викторија Јовановска.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс