Д-р Гучев: За да се добијат вакцини требаше да се даде секое средство
„Требаше да се даде секое средство да вакцини се добијат и требаше на оваа земја, на овие граѓани на нас сите да ни се даде чувство на достоинство во кој можеме да кажеме со дигната глава да јас Македонец, јас граѓанин на оваа земја се гордеам со начинот и со паметот на овие што мене ме водат да обезбедам она што треба да обезбедам“, кажа проф. д-р Зоран Гучев на Дневникот на Сител.
Потенцираше дека со неспособноста на власта навремено да набави вакцини економијата страда додека континуирано се зголемува бројот на починати.
„Не ќе ли беше гордост моја и ваша да на Tабановце наместо Вучиќ да му предаде вакцини на Заев Заев му предаде на Вучиќ. Не беше ова срам, благодариме на Србија ама требаше обратно да биде. Требаше да докажеме да ние знаеме, да ние предвидовме и да ние разбираме дека вложувањето во вакцините ќе донесе до поголем профит ако зборуваме за пари и до помалку умирања. Овака економијата страда а гробиштата се шират“, додаде Гучев.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари