Д-р. Дуковски: Власта потфрли по сите параметри во борбата против корона
Македонија целосно потфрли во справувањето со корона вирусот. Надлежните потфрлија по основ на сите параметри меѓу кои ефикасноста на спроведени мерки, откривањето на заразени и бројката на спроведените тестирања.
Македонија е со најлоши резултати во регионот, но и во светот, во борбата против Ковид-19.
Имаме најмногу заболени на милион жители, имаме најмногу починати на милион жители.
Од ден на ден се зголемува и бројката на новозаболени медицински лица. Површноста на надлежните не доведе во оваа ситуација.
Дополнително, не убедуваат вирусот слабее, се е под контрола, ова е „новата нормалност“.
Нормалност е кога постои контрола врз епидемијата, и кога има стратегија за справување со корона вирусот, тогаш можеме да кажеме дека има нормалност.
Да потсетиме, тоа што го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати дневно, денес има троцифрени бројки на новозаразени и дуплиран е бројот на починати.
Цената на површноста и неспособноста е голема. Здравјето на граѓаните е приоритет. Одговорност мора да има.
Ново на Сител
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче