Македонија
28. January 2022 - 11:27

Д-р Беќаровски: Опаѓање на косата и замор се дел од постковид симптомите кои се јавуваат од нарушената микрофлора

Д-р Нико Беќаровски на Фејсбук ги сподели последните истражувања и наоди на истражувачите од Универзитетот во Хонг Конг кои укажуваат дека нарушувањето на бактериите во цревата е поврзано со постковид периодот.

„Еве и научна студија зошто одржувањето на микрофлората во Вашите црева е круцијална во постковид периодот.

Хроничен замор, опаѓање на коса итн се само дел од постковид симптомите кои се јавуваат од нарушената микрофлора.

МИКРОФЛОРАТА НАЈЛЕСНО СЕ НАРУШУВА ОД НЕКОНТРОЛИРАНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ !!!!!

Сега можеби ќе Ви стане појасно зошто грлата ни се исушија со моите почитувани колеги Nikola Panovski и Dragan Danilovski, во апелите за рационална употреба на антибиотиците кај Ковид болните“, напиша Беќаровски.