Македонија
25. September 2017 - 12:57

Цветковски: СДС соочена со пораз прибегнува кон тешки и опасни злоупотреби на полицијата

СДС соочена со пораз на следните локални избори прибегнува кон тешки и опасни злоупотреби на полицијата, обвинува Марио Цветковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Поминаа три дена и има целосен молк од надлежните откако кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ беше малтретиран без никаква причина. Сето ова е напишано и во SWOT анализата на СДС за Кисела Вода каде се гледа дека власта дрско и брутално планира на овие избори да ја користи полицијата во функција на предизборен инжинеринг. За овој тежок скандал мора да има одговорност. Ова е директно мешање на партијата и државата, и директна злоупотреба на полицијата во партиски цели на СДС. Оваа пракса мора да престане. Наместо кон штитење на правната држава, полицијата на Спасовски е насочена кон криминогени активности и изборен инжинеринг. Мора да има одговорност. Мора да има санкционирани поради ваквите злоупотреби. Нема да успеат. Ова е израз на очајот и паниката од страна на СДС соочени со слабата поддршка на СДС. Никој во Република Македонија не е над законот. Законите важат подеднакво за сите. Ништо повеќе не може да му помогне на СДС, порачува Цветковски.

Тој потенцира дека на 15-ти октомври граѓаните ќе ги казнат злоупотребите на институциите во теснопартиски цели.