Цветков: Законски измени за воведување неделна откупна цена на доматите
Воведување т.н. неделни откупни цени преку законска измена за да се спречат манипулациите на трговците, предложил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на вчерашната средба со струмичките градинари.
Како што соопшти МЗШВ, Цветков информирал и дека ќе биде разгледан предлогот за субвенционирање на предаден домат во период кога има ниска откупна цена.
Воедно предочил дека Македонија како членка на ЦЕФТА и на други меѓународни организации не може да воведе забрана за увоз на домати од Албанија, Турција и Грција без да има последици и санкции врз вкупната трговска размена со овие земји.
- Производителите добија уверување дека властите ќе направат подетални анализи за состојбата. Ресорниот министер и на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трифуновски ги уверија земјоделците дека ќе испратат информација до Владата за барањето за ослободување од плаќање даноци, односно оданочување само на добивката, но не и на обртните средства, стои во соопштението од Министерството за земјоделство.
Според МЗШВ, земјоделците најмногу се пожалиле на манипулациите на трговците кои дневно ја намалуваат цената на доматите и другите градинарски производи поради што Цветков сугерирал измена на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, и воведување неделни откупни цени со што ќе се стесни просторот за секојдневно нарушување на пазарот.
На средбата со земјоделците од село Куклиш кои во вторникот го блокираа градот поради состојбата со откупот на раноградинарските производи, Трифуновски нагласил дека покрај засилените и ненајавени контроли и на граничните премини и на внатрешниот пазар, Инспекторатот во секој момент им стои на располагање за контрола на секоја неправилност и преку бесплатниот телефонска линија 0800 11 000.
Идната недела во Министерството за земјоделство ќе се одржи заеднички состанок со поголемите производители на земјоделски производи, откупувачи и преработувачи на зеленчук на кој ќе се разговара за сите прашања, а пред се за навремено потпишување договори за откуп со дефинирани цени по класи и производи
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање