Бизнис
23. July 2015 - 8:30

Цветков на завршна конференција на Агенцијата за финансиска помош на земјоделството

Завршна конференција за Твининг проектот „Помош за ИПАРД Агенцијата за подготовка на акредитација за мерката – Инвестиции во руралната инфраструктура“ финансиран од Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот во Скопје. 

Целта на проектот беше да придонесе за ефикасно и ефективно менаџирање и имплементација на ИПАРД програмата и на подготовка на земјата за ефективна имплементација на структурните фондови по пристапувањето во ЕУ.

На конференцијата ќе се обратат министерот за  земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, евроамбасадорот Аиво Орав, амбасадорот на Словенија Бранко Раковец и директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.