Бизнис
11. July 2016 - 8:54

Цветков на состанок со земјоделски производители и преработувачи на овошје и зеленчук

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков  денеска во Струмица ќе има работен состанок со претставници на земјоделски здруженија и на Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук.

На состанокот ќе се разговара за предлог откупните цени на зеленчукот и куртовската капија за потребите на преработувачката индустрија.