Цветков: Измените на Законот за избори повторно на владина седница
Се уште не е донесена владина одлука за измените на Законот за избори што ги предлага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кои треба да се овозможи непречена исплата на субвенциите.
Како што информира денеска ресорниот министер Михаил Цветков, Предлог-измените беа разгледани на владина седница во петокот на која присуствуваа и претставници од Државната комисија за спречување корупција.
- Владата не донесе одлука, но ја задолжи Антикорупциска да ги разгледа сите закони, вклучувајќи го и Кривичниот со кој се ограничува исплатата на субвенциите во период до формирање нова влада, истакна Цветков.
На наредната владина седница, додаде, повторно ќе се расправа по оваа точка.
МЗШВ со измените предлага земјоделските субвенции да може да се исплаќаат со формирањето на Собранието, а не да се чека до формирање нова влада како што предвидува актуелното законско решение.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња