Цветан Трипуновски: Земјоделците нема да имаат никаква корист од мерката зелена нафта

Квази мерката зелена нафта на Зоран Заев е уште една неефективна популистичка мерка, од која земјоделците нема да имаат никаква корист.
Власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, во време кога во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци. Да само за половина од македонските земјоделци ќе има таканаречена зелена нафта. Во нормални услови ќе прашавме по кои критериуми истите ќе се делат, но земајќи ја во предвид ситуацијата дека картичките и не овозможуваат големи поволности, заклучокот е едноставен, ова е класично замачкување на очи на македонските земјоделци.
Имено според направените пресметки намалувањето на трошоците кое ќе го имаат земјоделците во нивното производство со оваа таканаречена мерка изнесува помеѓу од 1 до 3%.
Зелена нафта е само козметичка мерка. Истата не ги решава проблемите на македонските земјоделци. Земјоделците имаат проблем со пласманот и со цената на земјоделските производи.
Поради лошите политики во земјоделието. Поради се попразните села и необработените ниви, поради младите кои се иселуваат од Република Македонија, СДСМ мора да си замине. Потребни се итни предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
