Бизнис
7. December 2018 - 19:53

Цвета сивата економија во занаетчиството

„Цвета“ сивата економија во занаечиството. Државата нема механизам за заштита на и онака малкуте занаетчии.  Поголеми казни добиваат регистрираните бизниси отколку што државата ги санкционира оние кои работат на црно.

Голем проблем се и малкуте инспектори. Особено што скоро половина од нив се пред прензија. Најголемиот дел од црните занаетчии се автомеханичари, лакери, шминкери, фризери... Работници во дејности кои многу тешко можат да се фатат, бидејќи најчесто работат во импровизирани работилници или дома.

Занаечиите сметаат дека со растот на сивата економија загуби имаат тие, но трпи и буџетот на државата.

Младите не се заинтересирани за овие дејности. Ова се должи и на лошиот образовен систем.

На ниво на Град Скопје регистрирани се околу 5000 занаетчии. Проценките се дека нерегистрирани има уште најмалку двојно повеќе.