Македонија
26. July 2017 - 16:48

Цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот од 1963 година

На секој агол во градот лежеа ранети и молеа за помош, имаше многу починати – вака Тодора Мафкова се присетува на кобниот 26-ти јули 1963-та.. Тогаш како 20 годишна девојка, во земјотресот ги загубила својот брат, неговатга сопруга и двете деца..

За скопскиот земјотрес, пред камерата на Сител сведочи и Ристо Делев.. Долго време бил под урнатините ама ја преживеал катастрофата, но таква среќа немале неговите најблиски..

Скопје денеска одбележува 54 години од катастрофалниот земјотрес.. Во чест на загинатите, на градските гробишта во Бутел, пред споменикот на жртвите цвеќе положија делагации на градот, општините, владата, дипломатскиот кор, партии..

На денешен ден пред 54 години се случи најголемата природна катастрофа во Македонија.. Во 5 часот и 17 минути, Скопје го погоди земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала.. Во трагедијата животот го загубија над илјада луѓе, 3 илјади беа повредени а 200 илјади останаа без покрив над главата..