Свет
12. April 2018 - 8:59

Цукенберг пред Конгресот: И моите податоци беа загрозени

Извршниот директор и основач на Фејсбук Марк Цукенберг го продолжи сведочењето во американскиот Конгрес и откри дека неговите лични податоци биле меѓу продадените информации, како што наведе, на малициозни трети страни.

Закерберг вчера на членовите на Конгресот им рече дека е неизбежно да дојде до регулатива во индустријата социјални мрежи.

- Интернет има растечко значење ширум светот во животите на луѓето и мислам дека е неизбежно дека  ќе биде потребна некаква регулатива. Мојот став не е дека не треба да има регулатива, туку сметам дека треба да се биде внимателен во врска со тоа каква ќе биде регулативата, истакна Цукенберг во сведочењето пред Комитетот за енергетика и трговија при Претстваничкиот дом на Конгресот.

Тој додаде дека доминантните компании како Фејсбук имаат ресурси да се  подложат на владината регулатива, но тоа би можело да биде потешко за малите страт- ап компании. 

Закерберг првиот ден од сведочењето пред Конгресот наведе дека направил грешка и оти му е жал што Фејсбук не успеал да ги заштити своите корисници и нивната приватност.

Во воведниот збор пред Конгресот, каде сведочи за скандалот со фирмата за анализа на податоци „Кембриџ аналитика“, кога протекле податоци на повеќе од 50 милиони корисници на социјалната мрежа Фејсбук, Зукерберг рече дека сега е јасно оти не сториле доволно да спречат таквите работи да се користат со лоши намери