ЦУК: Поради голем дефект на водоводна цевка поплавени објекти, без вода поголем реон во централното подрачје на Скопје
Поради поголем дефект на водоводна цевка (од Ф-600 мм) на ул.„Кеј Димитар Влахов“ 15 до Младински Културен Центар (МКЦ) во населба „Центар“ во Скопје, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Крњево, Керамидница, кај Т.Ц „Ист Гејт“, покрај бул.„Александар Македонски“ до бензинска пумпа „Лук Оил“, Пожарна, а со намален притисок ке бидат населбите „Маџари“ и „Хиподром“.
Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) по информација од ЈП Водовод, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:50 часот се до санирање на дефектот.
Инаку, по утринското примање на повикот за итниот случај на 112 во ЦУК за пукањето на водоводната цевка на улица „Кеј Димитар Влахов“ и дека има поплава од пукната водоводна цевка веднаш беа остварени телефонски контакти со ЈП „Водовод и канализација“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Полициската станица Центар – Беко. Излеаната вода од големата водоводна цевка предизвикала локална поплава, при што имало поплавено голем број објекти во непосредната близина, а како последици од тоа и лица кое не можеле да излезат од своите домови.
Од ЈП Водовод и канализација информираа дека поради големиот дефект без вода ќе остане поголем реон во централно градско подрачје во Скопје се до санирање на состојбата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата
-
Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата
-
Трамп го честиташе Денот на благодарност и на „радикално левите лудаци“
-
Путин: Не мислам дека Трамп е сигурен - во историјата на САД имало различни инциденти
-
Николоски: Се работи на План за рационализација во Пошта од 1900 на 1400 вработени
-
Во Тетово при претрес пронајден кокаин, приведен 35-годишен тетовец