Македонија
13. August 2022 - 12:00

ЦУК: Нема активни пожари, девет изгаснати во изминатото деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информацијата за состојба со пожарите во изминатото деноноќие наведува дека е изгаснат пожарот во кумановското село Добрача, кој бил предизвикан од удар на гром. Во пожарот изгореле околу 1000 бали сено и овес, а било интервенирано со едно возило и двајца пожарникари.
 
Со едно возило и тројца пожарникари од 9:00 до 10:00 часот било интервенирано во село Страхојадица, Општина Зелениково, каде била запалена ниска вегетација на површина од 1000 метри квадратни.
 
-Интервенирано е во гасење на запалено ѓубриште и стари автомобилски гуми на локација кај поранешната депонија Вардариште во Општина Гази Баба. Во интервенцијата вчера, од 11:15 до 14:40 часот, учествувале едно возило и тројца пожарникари, информираат од ЦУК.
 
Со едно возило и тројца пожарникари, вчера од 13:45 до 16:45 часот, било интервенирано во гасњење на запалена нискостеблеста вегетација во село Градманци, Општина Петровец.
 
– Во периодот  од 12:48 до 17:00 часот кај село Тројкрсти интервенирано е во гаснење на запален столб од мрежата на ЕВН и дрвените прагови од железничката пруга Прилеп-Битола. Известени биле Македонски железници со сугестија да извршат контрола на местото каде бил пожарот со цел да се утврди состојбата на железничката инфраструктура и безбедноста на сообраќајот. Во интервенцијата учествувале две возила возила и четворица пожарникари, посочуваат од ЦУК.
 
Со едно возило и тројца пожарникари, вчера од 13:10 до 13:50 часот, интервенирано е во гасењето на запалена сува трева на ул. „ 8-ми Март“ во Охрид.
Изгасната е и запалена сува трева и стрништа покрај патот во село Теарце, вчера од 13:03 до 16:59 часот. Во интервенцијата учествувале едно возило и тројца пожарникари.
 
Со едно возило возило и шест пожарникари, вчера од 13:54 до 15:40 часот, интервенирано е во гасење на запалена сува трева покрај автопатот Тетово – Скопје.
 
Синоќа, од 20:20 до 20:50 часот, тројца пожарникари со едно возило интервенирале во гасење на запалено ѓубре на ул.„Ѓорче Петров“, кај Туш маркет во Куманово.