Македонија
5. August 2021 - 17:54

ЦУК: Бројот на пожари се менува од минута во минута

За пожарите во Македонија ЦУК информира за состојбата која се менува од минута во минута.

Во моментов нов пожар има во Богословец, Свети Николе каде се изгорени 4 куќи.

Најризично е во регионот на Делчево и Пехчево каде се зафатени три куќи и три плевни во село. 4 хеликоптери и помошта од Бугарија делуваат за гасење на пожарот.

Кај Пехчево делуваат словенечките пожарникари, а патниот правец Делчево - Пехчево е затворен за сообраќај.

Во кумановско на 8 нови локации има пожари а загрозени се куќи и други придружни објекти. Во прилепско има 13 активни пожари. Во Скопје има 18 пожари а најкритично е во Кучково, Ракотинци и Горно Свиларе. Голем пожар има и кај Дебарца во охридско.

 
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова