Цуцуловски: Заев да добие место почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Заев да биде избран за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, предлага универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски. Тој вели дека опозицискиот лидер успеал целосно да ја дезориентира СДСМ и да го подели членството до крајни граници.
„Промената на ставовите, зачудвачките персонални промени, збунувачките коалиции, бесмислените и небулозни предлози за промена на Уставот сосема ја обезличија партијата. СДСМ, како политичка партија, практично веќе не постои, освен што постојат неговите членови и симпатизери. Меѓутоа, членството и симпатизерите, сами по себе, не прават партија, бидејќи секоја политичка партија претставува организирана институција, со своја структура, со свои јасно дефинирани програмски цели и која, токму затоа, точно знае што сака. Така, се доаѓа до крајно парадоксална ситуација: постојат членство и симпатизери, но не постои она кое се симпатизира и во кое се членува – партијата, односно СДСМ“ – вели Цуцуловски.
Професорот кој важи за силен критичар на власта и кого често го користат медиумите под контрола на опозицијата вели дека наспроти СДСМ, ВМРО-ДПМЕ просто заплашува со својата организираност. Според него, владејчката партија покажува неверојатна цврстина, единство и ултимативно ги спроведува централните одлуки.
Цуцуловски е само еден од универзитетските професори поддржувачи на опозицијата кои деновиве јавно се откажаа од Заев и испратија серија критики на адреса на опозицијата. Претходно тоа го стои и екс пратеничката на опозицијата Каролина Астеруд, но и поранешната потпретседателка на СДСМ, Ана Павловска Данева.
Незадоволството не го криеја ниту истакнати партиски членови и активисти кои му порачаа на Заев дека на изборите во декември, не треба да смета на нивните гласови.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар