Џет-Сет
21. October 2016 - 9:51

Цуца го остави Шабан, еве во кого е вљубена сега

Ивона Неговановиќ Цуца и нејзиниот љубовен живот често беа во центарот на вниманието на медиумите, а таа одлучи на сите да им ја открие вистината.

Имено, многумина ја поврзуваа со кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, а потоа и со Раде Чокан.

Цуца го демантираше тоа, но не за долго. Новите тетоважи открија се.

„За вистинската љубов нова тетоважа“, напиша Цуца покрај сликата на која на раката и се гледа испишаното „Чокан“.

А потоа со наредната слика сето тоа уште еднаш го потврди.

„Вистинска вистина секогаш и засекогаш, напиша таа покрај фотографијата на која се гледа тетоважа со натпис „Во моето срце постои само Чокан“.

Ивона тетоважата на прстот каде пишуваше „Шабан“ ја преправила во цвет и покрај него името на својата љубов.