Loading Video...
Кошарка
22. November 2018 - 13:01

ЦСКА по продолжение го победи Жалгирис и остана непоразена

Кошаркарите на московска ЦСКА остануваат непоразени во Евролигата и по одигрувањето на 8.коло. Рускиот тим го доби пред домашната публика совладувајќи го Жалгирис со 99:97 по продолжението откако регуларниот дел заврши нерешено 86:86. 
 
Без пораз во Евролигата покрај ЦСКА е и актуелниот шампион Реал Мадрид.
 
Домашниот терен се покажа како предност и на останатите три дуели во кои  Армани во Милано со 90:90 ја победи Басконија, Панатинаикос беше подобар од Барселона со 76:70, а Химки ја совлада екипата на Будуќност со 85:69.
 
Вечерва се играат четири средби од новата девета рунда, а дербито е во Атина, на Пиреа каде Олимпијакос го пречкува Реал Мадрид. 
 
На другите средби вечерва играат: Дарушафака - Анадолу Ефес, Макаби – Фенербахче и Гран Канарија - Баерн Минхен. 
 
Останатите натпревари од оваа рунда ќе се играат утре.