Loading Video...
Кошарка
20. May 2019 - 14:54

ЦСКА Москва нов европски кошаркарски шампион

 
Екипата на ЦСКА Москва е нов европски шампион во кошарка.
 
Московскиот тим во финалето од завршниот „Фајнал фор“ турнир што се одржа во шпанскиот град Виторија го победи турскиот претставник Анадолу Ефес со 91:83.
 
Американецот Вил Клајберн кој постигна 20 поени, го понесе признанието за најгорисен играч на завршниот турнир. 
 
За ЦСКА, ова е четврти трофеј во Евролигата во новиот формат, а вкупно осми наслов шампион на Европа. Последен пат Московјаните ја освоија Евролигата во  2016 година.
 
Повеќе шампионски трофеи во елитното натпреварување има само Реал Мадрид, вкупно 10 
 
А, Реал кој го бранеше насловот од лани, годинава заврши како трето пласиран совладувајќи го Фенербахче со 94:75 во „малото финале“