Кошарка
15. October 2015 - 10:24

ЦСКА-Макаби на стартот од Евролигата

Новата сезона во кошаркарската Евролига ќе започне во четврток кога на програмата ќе биде по еден меч во групите А, Б и Ц, односно комплетното прво коло во Д групата.
 
Титулата во Евролигата ја брани екипата на Реал Мадрид кој минатата пролет, на домашен терен, по пауза од две децении го освои трофејот. ’Кралскиот клуб’, повторно е меѓу главните фаворити за освојување на европскиот врв, а главни конкуренти ќе му бидата ЦСКА Москва и Барселона. Во борбата за врвот ќе се вклучат и турските Фенербахче односно Анадолу Ефес, атинските ривали Олимпијакос и Панатинаикос и израелскиот великан Макаби.
 
Македонската кошарка оваа сезона ќе има двајца играчи во Евролигата, Перо Антиќ по две сезони во НБА лигата реши да ја прифати понудата на Фенербахче, додека натурализираниот Ричард Хендрикс од оваа сезона е член на Уникаха Малага.
 
Група А: Реал, Фенербахче, Црвена ѕвезда, Химки, Баерн Минхен,Стразбур
 
Распоред
 
Ц.ѕвезда-Стразбур (четврток 19ч)
 
Фенербахче-Баер (петок 18.45 ч)
 
Химки-Реал Мадрид (19 ч)
 
Група Б: Олимпијакос-Цедевита, Армани, Лаборал Куча, Лимож, Анадолу Ефес
 
Распоред
 
Олимпијакос-Цедевита (четврток 20.45 ч)
 
Армани-Лаборал Куча (20.45 ч)
 
Лимож-Анадолу Ефес (20.45 ч)
 
Група Ц: Каршијака, Барселона, Локомотив Кубан, Панатинаикос, Жалгирис, Зелиона гора
 
Распоред
 
Каршијака-Барселона ( четврток 18 ч)
 
Локомотив-Панатинаикос ( петок 17 ч)
 
Зелиона гора-Жалгирис ( петок 19 ч)
 
Група Д: ЦСКА Москва, Макаби, Дарушафака, Сасари, Уникаха-Бамберг
 
Распоред
 
ЦСКА-Макаби (четврток 19 ч)
 
Дарушафака-Сасари (20 ч)
 
Уникаха-Бамберг (20.45).