Loading Video...
Фудбал
11. October 2018 - 16:22

Црвено-жолтите фокусирани на мечот со Лихтенштајн

Сениорската репрезентација на Македонија, ги одработува мини подготовките за дуелите против Лихтенштајн и Ерменија во рамките од Лига на нациите, односно нејзината четврта по квалитет група.

По двете стартни победи над Гибралтар и Ерменија, црвено-жолтите се фокусирани само на успех и во следните два меча. Но, како што најавија и деновиве ќе се оди чекор по чекор, па затоа избраниците на селекторот Игор Ангеловски, сега се фокусирани на саботниот меч со Лихтенштајн, против кој треба да ја оправдаат улогата на фаворит и да проклижат нови три бода, со кои ќе направат и дополнителен притисок на Ерменците пред гостувањето во Ереван.

Засега се тече според планот, па македонската спортска јавност в сабота очекува нова победа, во мечот кој ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори“ во терминот од 20 часот и 45 минути.

 

 

Д  лига -  група 4  

ТАБЕЛА

#

 

Тим

Нат

Поб

Нер

Пор

Гол+

Гол-

+/-

Бод

1

 

МАКЕДОНИЈА

2

2

0

0

4

0

+4

6

2

 

Ерменија

2

1

0

1

2

3

-1

3

3

 

Лихтенштајн

2

1

0

1

3

2

+1

3

4

 

Гибралтар

2

0

0

2

0

4

-4

0