Македонија
4. јуни 2019 - 16:08

Црвенковски со предупредување до Брисел, ако нема да датум ќе пропадне кредибилитетот и на ЕУ и на Владата

Република Македонија  заслужува датум, но ако не го добие во јуни тоа ке предизвика разочарување и нарушување на кредибилетиот не само на Унијата, туку и на македонскатра влада во очите на народот, порача екс претседателот Црвнковски, во својство на домакин на регионалната конференција на Подгоричкиот Клуб.

Оваа година ја добивме десеттата по ред препорака од страна на ЕК за почеток на преговорите, истакна дека оти девет пати претходно препораката не беше прифатена  и, како што рече, стравуваме оти тоа може да се повтори и по десетти пат на јунскиот самит.

Зарем е можно, праша Црвенковски, земјите членки да демонстрираат толкава недоверба во извештаите и препораките на сопствената и од нив избрана Европска Комисија. – Ние не бараме незаслужена награда, туку бараме и очекуваме да ни се пружи заслужена шанса да го почнеме процесот.

И престедателот Пендаровски предупреди  дека одлагањето на стартот на преговорите демотивирачки ке делува врз граганите и ке ги забави реформите.

Ваквиот оптимизам не го делат  членовите на Подгоричкиот клуб. Поранешните  премиери и престедатели од регионот стравуваат дека  Унијата соочена со внатрешната трансформација, ке го одложи проширувањето.

Сега е во еден лош момент, завршија евроизборите, се очекува формирање нова комисија, се очекува некоја друга гарнитура во ЕУ да го одреди правецот во кој ќе се движи, па и проширувањето и судбината на Западен Балкан, изјави Косор.

Дури и кога преговорите ке отпочнат, процесоат е предолг и без цврсти гаранции кога ке заврши, вели црногорскиот екс престедтел. Според ВУјановик  ваквите европски политики отвораат врати за пенетрација на трети сили во регионот

На конференцијата беше потпишана и  декларација во која Унијата  се повикува дапродолжи со процесот на проширувањето и да се одреди датум за започнување на прегворите  со Македонија.