Македонија
17. March 2019 - 16:39

Црвениот крст одбележува 74 години

За време на 25 годишното волонтирање во “Црвениот крст” Бране Стефковски 65 пати дарувал крв. На одбележувањето на денот на крводарителството во нашата земја, тој вели дека е среќен што секоја година се зголемува бројот на млади кои што даруваат крв.

Од Институтот за трансфузиона медицина велат дека состојбата со залихите на крв е одлична, пред се благодарение на акциите за дарување на крв кои се организираат во соработка со Црвениот крст. Оваа година ќе се продолжи со кампањата а целта ќе биде вклучување на што поголем број на млади лица.

Крводарителството е една од клучните области и за Црвениот крст, велат од оваа хуматирана организација.  

По повод одбележувањето на 74 годишнината од постоењето на Црвениот крст, нивни волонтери и медицински персонал од Институтот за Трансфузиона медицина имаа поставено штанд в Грдаскиот парк во Скопје, на кој случајните минувачи можеа да се информираат за сите работи поврзани со крводарителството.