Македонија
6. August 2015 - 14:26

Црвениот крст од Струга отвори пунктови за донации за настраданите од Тетово

Општинската организација на Црвениот крст – Струга денеска се приклучи кон акцијата за помош на настраданото население од невремето што пред неколку дена ги зафати Тетово и Тетовско.

Претседателката на Црвениот крст – Струга Адуриме Даути информира дека граѓаните може да донираат вода и средства за хигиена на пунктовите во просториите на организацијата и на Градското шеталиште.

- Клубот на млади постави пункт за донации во просториите на Општинската организација на Црвен крст и на Градското шеталиште. Присуствува и група студенти од Тетовскиот универзитет кои ќе ја помогнат акцијата за собирање, пред се вода за пиење и средства за хигиена и дезинфекција, рече Даути. 

Граѓаните може да донираат за настраданите од невремето во Полошкиот регион и на сметката за солидарноста на Црвениот крст 300000001327966, ДБ: 4030984271620 - Комерцијална Банка, на телефонските броеви за донации 075/070/077 143-400, 100 денари од повик и во општинските организации.