Црвениот крст на град Скопје и општинските организации утре ќе го одбележат Светскиот ден на Првата помош
Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје со координирани активности ќе го одбележат Светскиот ден на Првата помош под мотото „Биди херој во твоето училиште“.
Од Црвениот крст соопштија дека како дел од планираните активност, а во насока на зачувување на здравјето и безбедноста на учениците и наставниот кадар, ќе донираат наменски опремени ранци со санитетски материјали и останата опрема за укажување прва помош за 31 средно училиште на територија на градот Скопје. Во секое училиште ќе биде обучена екипа за правилно и навремено укажување на прва помош, а едукациите ќе бидат контунирани во текот на целата година. Обуката ќе се реализира во координација со Општинската организација на Црвен крст на чија територија се наоѓа училиштето.
Доделувањето на ранците, прирачниците и елечињата ќе се реализира утре во паркот „Жена борец“ во Скопје. За време на настанот екипи од Црвен крст ќе демонстрираат прва помош пред присутните граѓани. Знаењата и вештините за укажување прва помош треба да бидат дел од сечие секојдневие, бидејќи се применуваат во секој сегмент во животот. Во оваа насока подеднакво се важни едукациите по прва помош за учениците од средните училишта, кои ќе можат на своите соученици во случај на итност да им дадат прва помош, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација