Црвена Звезда поведе со 1-0 против Мега Лекс во финалето на АБА лига | Сител Телевизија
Кошарка
29. April 2016 - 11:03

Црвена Звезда поведе со 1-0 против Мега Лекс во финалето на АБА лига

 
 Кошаркарите на Црвена Звезда со победа ја започнаа финалната серија против Мега Лекс во рамките на регионалната АБА лига. 
 
Актуелниот бранител на трофејот во АБА лигата, Црвена Звезда синоќа пред својата публика во Нелград го совлада тимот на Мега Лекс со 95:88 (по четврѕини 27:25, 21:20, 20:25 и 27:18), за водство од 1-0 во победи во серијата „подобар од пет’’. 
 
Мајк Цирбес со дабл-дабл учинок од 17 поени и 12 скокови, како и Квински Милер кој на 17 поени придодаде 6 асистенции беа најзаслужни за оваа победа на црвено-белите. 
 
И вториот натпревар ќе се игра во Белград веќе во сабота 30 април од 20 часот, по што серијата се сели во Сремска Митровица