Фудбал
6. September 2016 - 17:37

Црвена Звезда има долг од 39 милиони евра

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда денеска со соопштение ја извести јавноста дека вистинскиот долг на клубот е помеѓу 36 и 39 милиони евра. 

Оваа реакција е поради пишувањето на дел од медиумите кои тврдат дека долгот е многу поголем. 
„ УЕФА врши постојан мониторинг на клубот и можеме да кажеме дека втора година по ред Црвена Звезда работи позитивно“- се вели во соопштението на црвен-белите.