Фудбал
16. November 2016 - 9:35

„Црвена фурија“ се спаси од пораз на Вембли

Четири гола на „Вембли“ и ниту еден на „Сан Сиро“ ги обележаа пријателските натпревари кои се одиграа во вторникот вечерта ширум Европа.
 
Прво дерби на „Вембли“ во Лондон помеѓу Англија и Шпанија завши 2:2, аиако домаќините имаа два гола предност до претпоследната минута.
 
Англија водеше со головите на Лалана од пенал и на Варди, но Шпанците финишот го одиграа како да е во прашање финале на големо натпреварување.
 
Најпрвин дебитантот Јаго Аспас постигна убав гол во 89.минута, а во 96-та конечните 2:2 ги постави Иско.
https://