-->
-->
Црвен крст: Студовите во Европа се тешко искушение за бегалците
-->
Студовите во Европа се сериозно искушение за бегалците и мигрантите кои пристигнаа на континетот, се наведува во декларацијата на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Барателите за азил и бегалците кои живеат во кампови и спијат на улица се подложени на висок ризик во цела Европа, се вели во документот објавен денеска во Женева.
Во него, како што јави ТАСС, се истакнува дека доброволци од Федерацијата работат во кампови во цела Европа „каде луѓето страдаат поради лошите услови“.
Регионалниот директор на Федерацијата за Европа Сајмон Мисири посочи дека суровите временски услови ги зголемуваат тешкотиите на мигрантите и претставуваат опасност за нив.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители