Црвен крст со бесплатна обука по прва помош во Кавадарци
Црвен крст реализираше бесплатна обука по прва помош за пожарникари и полицајци во Кавадарци. Со тоа продолжи кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот”.
Градоначалникот Митко Јанчев ја поздрави оваа акција и нагласи дека секогаш се поддржуваат ваквите активности кои заслужуваат признание.
Здравјето е еден од основните темели на кои треба да се темели нашето општество, рече судијата Лазар Нанев.
-Благодарност до Црвен крст што успева да ги развие клучните поенти кои значат заштита на здравјето и животот. Секоја надградба на знаењето значи спасување на живот. Сите учесници во сообраќајот треба да покажат сериозно внимание како да укажат прва помош при сообраќајни несреќи, рече Нанев.
Генералниот секретар на Републичкиот Црвен крст, Саит Саити рече дека има 35 годишен возачки стаж и дека добро му дошло освежувањето на знаењата од прва помош.
-Во последните три години годишно во државава има по околу 150 жртви во сообраќајни незгоди и по околу шест илјади лица кои страдаат во тие незгоди, со лесен или потежок инвалидитет. Сметаме дека со ова ќе помогнеме во спасувањето на живот и помали последици при незгоди во сообраќајот, додаде Саити.
Иницијативата на хуманитарната организација ја поздрави и Сашко Димовски, командир на Полициска станица од општа надлежност Кавадарци. Тој нагласи дека знаењето да се укажи прва помош може да значи живот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација