Црвен крст отвори жиро-сметка за донации и СОС линии за психолошка прва помош за настраданото население од пожарите
Црвен крст на Република Северна Македонија соопшти дека отвориле жиро-сметка и телефонски броеви на Македонски Телеком и А1 за донации за настраданото население од пожарите, како и СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП).
-ППП се обезбедува од оспособени волонтери на Црвениот крст. Секое заинтересирано лице погодено од пожарите може да поставува прашања и да добива одговори и совети за справување со ситуацијата што ја загрозува благосостојбата на граѓаните. Отворени телефонски линии за прва психолошка помош: Скопски регион 072/271-048; Пелагониски регион 047 / 236-019; Југозападен и полошки регион 072 / 239-051 и 072 / 239-077; Источен, североисточен и југоисточен регион 071/223-691; Вардарски регион 043/231537, посочуваат од Црвен крст.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ - 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.
Граѓаните можат да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Од Црвениот крст посочуваат дека се активно вклучени во операцијата со справувањето со пожарите во државата. Преку своите мобилните тимови е вклучен во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.
При теренските активности дистрибуирани се 200 пакети со храна и 200 за хигиена, 20 тони вода за силите кои гасат во зафатените региони со пожари. Посочуваат дека поставени се танкови - системи за полнење на хеликоптери со вода кој го скратува времето за гасење пожар со вкупен капацитет од 8.000 литри со постојано надополнување, опслужувани од тимови од републичкиот Црвен крст и тимови од локалните самоуправи во соодветните региони.
Црвениот крст на РСМ упатува благодарност за досегашната поддршка на компаниите кои се вклучија во хуманитарната акција.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите