„Цртаме акт“ – групна изложба на млади автори
„Цртаме акт“ е групна изложба на млади автори составена од цртежи, фотографии, видео презентација и перформативност што ќе биде отворена вечерва во Суб културниот центар „Шорт Бас“ во Скопје.
Како што информира организаторот Доротеј Нешовски, оваа изложба е носител на идејата за ослободување на поимот „Голо тело“ во сите негови видови на постоење – род, пол, националност, религија, идентитети.
-Различната перцепција на повеќе од 30 локални уметници изразена во 420 цртежи инспирирани од дваесетина модели, ја изкажаа потребата на човекот да создава и вреднува, да го сака, да го сочуствува и да го почитува човековото тело. Застанувајќи отспротива на деструкцијата, понижувањето и осудата, помладата генерација ги руши табуата за перформативно изложување на голото тело, соопштува Нешовски.
Целта на изложбата, како што се наведува во соопштението, не е да прикаже академизам и конструктивизам на цртежот туку целосна слобода на израз и пристап кон доживување на личноста која позира-перформира.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето