Џет-Сет
9. December 2015 - 12:09

Црнокрак е една од најубавите жени во земјава а ова се нејзините ќерки

Сопругата на Мики Црнокрак иако повеќе не е дел од модните писти, сепак и ден денес воодушевува со својата убавина.
 
Светлана Црнокрак е една од најубавите жени во Македонија, која во минатото беше еден од најдобрите и најбарани модели во земјата, а денес е посветена мајка и сопруга.
 
Сепак годините за неа се само бројка, а покрај работните обврски во модното студио, таа наоѓа време и за исполнување на семејните обврски. Па во тој контекст, Светлана објави фотографија на Фејсбук со двете ќерки Нина и Моника, за да се пофали дека ја накитиле новогодишната елка
 
Од фотографијата можеме да забележиме дека ќерките ја имаат наследено нејзината убавина, а дали ќе ги следат стапките на нивната мајка за да станам модели, останува да видиме понатаму.