Балкан
26. May 2017 - 13:00

Црногорскиот суд осуди шверцери на луѓе поради смртта на 35 Роми во 1999 година

Црногорскиот суд осуди четворица шверцери на луѓе поради смртта на 35 Роми при нивниот транспорт за Италија во 1999 година, јави ДПА.

Ромите, кои бегале од војната во Косово, биле качени на брод, кој се превртел во водите крај црногорскиот град Будва.

Еден од обвинетите е осуден на осум години затвор, а други двајца добија по шест години. Четвртиот обвинет, кој е во бегство, беше осуден во отсуство, а други двајца се ослободени од обвиненијата поради недостиг на докази.

Половината, од вкупно 70 Роми во чамецот, регистриран само за шест патници, како и две лица од екипажот загинаа во инцидентот.