Loading Video...
Свет
26. јуни 2020 - 16:46

Црногорската Влада поради зголемувањето на бројот на позитивни случаи на коронавирус донесе низа мерки

Црногорската Влада поради зголемувањето на бројот на позитивни случаи на коронавирус донесе низа мерки вклучувајки ја и забраната на литии. Верските собири се забранети на отворени јавни места, освен во области што припаѓаат на верски објекти. Исто така, забранети се политички собири на отворено, како и присуство на публика на спортски настани. Погребите можат да се извршат само во непосредниот круг на семејството,а настаните на затворени јавни места веќе се пропишани со претходна наредба.

Доколку Хашкиот трибунал покрене обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи,тој  ке се соочи со апсење, изјави шведскиот дипломат Карл Билд за медиумите, кој очекува долго и комплицирано судење, со заштитени сведоци.

Портпаролот на специјалното јавно обвинителство во Хаг, вчера објави дека е поднесено обвинение против Тачи, претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели и други лица за повеќе кривични дела против човештвото и воени злосторства.

Поради обвинението е одложена и средбата Тачи –Вучиќ во Белата Куќа која требаше да се одржи под покровителство на претседателот Трамп.

Светскиот фармацевтски гигант, компанијата „Новартис“, е казнета за корупција и поткуп на доктори, болници и клиники во Грција и Виетнам, со цел на пацинетите да им се препишуваат нивните лекови, како и да се користи нивната хируршка опрема.

Министерството за правда на САД денеска соопшти дека компанијата „Новартис Грција“ се согласила на договор што предвидува казна од 225 милиони долари. Покрај тоа, од компанијата се бара да плати дополнителни 112,8 милиони американски долари за намирување на трошоците за парницата, плус 8,9 милиони американски долари во казни.