Балкан
6. јуни 2019 - 17:46

Црногорската полиција заплени 258 килограми марихуана прошверцувана од Албанија

Црногорската полиција заплени 258 килограми марихуана прошверцувана од Албанија уапси три лца жители на Подгорица.

Според црногорската гранична полиција дрогата е запленета во местото викано „шарове тополе“ на територија на општина Туз.

Дрогата, која била пакувана во четири големи пакети транспортирана е со комби возило кое пристигнало од Албанија преку Скадарско Езеро со пловен објект, со цел да дистрибуција на територијата на соседната земја.

Уапсени се Срѓан С. (37) Саво В.(24) и Ратко Ш. 26) години, сите од Подгорица.

Албанските медиуми пренесувајќи ја веста наведуваат дека зачестени се обидите за шверц на марихуана од албанска на црногорска територија, главно преку реката Буна и Скадарско Езеро.

Во последните два месеца полициите на двете земји,според тиранската телевизија Ора њуз, имаат запленето голема количина мархуана поризведена во Албанија. Само во последните две одделни акции, реализирани минатата недела запленети се над 500 клограми мархуана.