Балкан
4. April 2017 - 9:04

Црногорец уапсен во Русија поради сомнение за вмешаност во тероризам

Црногорски жител беше уапсен во руската област Ростов под сомнение за „обид за тероризам“ во Црна Гора на 16 октомври лани.

Жителот на Подгорица (59) е уапсен по барање на црногорското МВР предадено на Интерпол.

Црногорецот со иницијали А. Н. ја напуштил државата на 9 ноември минатата година. Осомничен е дека формирал криминална организација, која подготвувале терористички напади во Подгорица на 16 октомври минатата година кога беа и парламентарните избори во државата.

Црногорското обвинителство сомничи 25 луѓе главно српски граѓани и двајца Руси дека подготвувале обид за преврат на 16 октомври.

Петнаесет се приведени, а потерница има за двајцата руски граѓани осомничени како организатори.