Балкан
15. July 2016 - 9:48

Црнина во куќата каде играше Ангелина: На мајката не и дадоа да го види унаказеното чедо

Тригодишната Анѓелина Стефановиќ од Вратарница кај Зајечар, жртва на соседот Владица Рајковиќ, е погребана завчера попладне на локалните гробишта.

Во погребната поворка како и во домот на жртвата се собраа и старо и младо, роднини и пријатели од Вратарница и околните села.

- Рано моја, душо моја, Анѓелина, кој на баба вода ќе и донесе, кој ќе ја развесели вака тажна, каде ми те водат, чедо мое. Рацете да ти се исушат, злосторнику, да даде Бог, лелекаше бабата Душанка додека белиот човчег со телото на девојчето го ставаа во тракторската приколка.

Мајка Данијела тивко плачеше. Очите и пресушиле од солзи, гласот и застанал од болка, скршена и тажна, како да не беше свесна каква трагедија ја снашла. Неа не и дале да го види телото на ќеркичето, па несреќното девојче го облекле други членови на семејството.

Вниманието на мештаните и бројните новинари го привлече присуството на Небојша, татко на убиецот Владица како и Перица, неговиот помлад брат. Таткото Небојша само тивко изговараше: „Несреќа! Не изрезили за навек, сами ќе се одречеме од него“. Перица, братот на убиецот, цело време помагаше во поворката, а го понесе и ковчегот на Анѓелина и до следеше од приколката до гробот.

Лелек се слушаше од куќата во која со таткото, бабата и дедото живееше убиецот Владица Рајковиќ. Неговата баба жалеше што поради грозоморното убиство нема повеќе да го види својот внук.