„Црнила“ на Чашуле во хип-хоп изведба, премиерата на 8.„Здраво млади“
Младинскиот културен центар најави премиера на претставата „Црнила ремикс“ по идеја и режија на Јордан Симонов во рамки на осмиот фестивал „Здраво млади“ кој ќе се одржи на 1 септември.
- „Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналните препев и музика на „Зад аголот“ не носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп супкултурата, соопшти МКЦ.
Музиката и препевот се на Дарко Димитриески и Павле Димковски од „Зад аголот“, сценограф и костимограф е Илина Ангеловска, а улогите ќе ги играат: Стефан Вујисиќ (Луков), Александар Михајловски (Фезлиев), Владимир Петровиќ (Иван), Горан Ников (Методи), Ненад Анѓелковиќ (Младичот), Сања Арсовска (Неда) и Павле Димковски (Христов).
На годинашниот фестивал „Здраво млади“ ќе настапат изведувачи од САД, Англија, Ирска, и Србија, а од Македонија учесници ќе бидат „Палиндром“, „Donplaya X Bon Praskiza“, „Druggy“ и „Ogie x Petr“. На еднодневниот фестивал што го организира МКЦ ќе има и пладневна програма за најмладите со настап на 5+ Бенд.
Билетите за фестивалот може да се набават во продажната мрежа на МК Тикетс и на билетарницата на МКЦ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација