Свет
6. September 2016 - 15:25

Црнечки демонстранти ја „окупираа“ пистата на лондонскиот аеродром Сити

Сите денешни летови од лондонскиот аеродром Сити се пренасочени откако група демонстранти ја „окупираа“ пистата, соопшти управата на аеродромот.

Демонстрантите легнале на пистата и се заврзале меѓусебе. Нивното присуство на пистата за полетување и слетување на авионите го запре сообраќајот од Сити.

Планираните летови за претпладнето се откажани, а сите слетувања се пренасочени кон најблиските соседни аеродроми.

Протестот, каков во Лондон немало подолго време, го организирало Движењето „Состојбите на црнечкото население“.

Управата на Сити ја повикале полицијата која ги отстранила демонстрантите, а сите деветмина се уапсени, обвинети за бесправен влез и запоседнување на аеродромскиот простор.  

Скотланд Јард  сега испитува како демонстрантите успеале да влезат во просторот и да се најдат на пистата.

Организаторите на протестот изјавиле дека акцијата била преземена за да се истакне „влијанието на човековата околина врз животот на црнечкото население, на локално и на глобално ниво“.

Во соопштението за медиумите, Движењето посочува дека „пореметените планови (за патување) на малата елита луѓе, е неспоредлива со животите на 3.176 мигранти, за кои се знае дека се загинати во Медитеранот“, а најголем број од нив се Африканци.

Во соопштението се истакнува дека бил избран аеродромот Сити, за протестот, затоа што е поставен во реон во кои живее мнозинството од црнечката заедница, каде е изградена индустрија која значително влијае врз климатските промени и загадувањето на околината, од која потенцијално најмногу ќе страдаат лугето од оваа заедница.

Сити е петиот,  аеродром што е лоциран околу британскиот главен град. 

Сместен во источниот дел од Лондон, најчесто се користи од бизнисмените, банкарите и деловниот свет кои работат и живеат во новиот елитен кварт  „Канари Ворф“ во лондонскиот Доклендс.

Во минатата година биле регистрирани преку 4,3 милиони патници.