Свет
28. December 2016 - 11:03

Црната кутија даде одговори: Ова биле последните зборови на пилотот од рускиот авион

Откако беше пронајдена една од црните кутии на рускиот авион кој се сруши, сега е објавено и кои биле последните зборови на екипажот пред големата трагедија.

На снимката од кутијата се слуша како капетанот Роман Волков неколку секунди пред трагедијата вели "Проклетство", додека неговиот копилот вели, "Команданте ние паѓаме". 

Раша Тудеј соопшти дека се чека конечното соопштение.

Денеска биле извлечени уште 2 тела, со што бројот се искачи на 15.