ЦРНА ТАБЛА

Loading Video...

За време на средношколските години, Атлас морал да го напушти родниот град заедно со неговата мајка затоа што бил малтретиран од неговите врсници. Но, сега, години подоцна, тој се враќа онаму од каде заминал, таму каде горките спомени се единствено нешто за кое се врзува за ова место. Случајно или не, се вработува како професор по математика во истото училиште кое го посетувал. Доаѓа денот на пресметка за Атлас со неговите насилници, но и со неговиот татко, кој го игнорирал целото малтретирање низ кое поминал. Патот на Атлас нема да биде воопшто лесен. Ќе го води ли гневот од кој нема да може да се ослободи или хуманоста и жртвата да се помогне на другите? Љубовта е таа која ги лекува сите рани и дава надеж за нови почетоци, па така младата Ирмак ќе го освои неговото срце, обвиенo со желба за одмазда и суровост.

Спомените длабоко врежани во неговиот ум се тешки да се избришат. Исто како и напишаното на една црна табла. Колку и да бришеш, тоа сепак останува таму. Да потсетува на тоа што било, но и да даде шанса за нешто ново напишано.