Loading Video...
Ракомет
5. January 2020 - 16:16

Црна Гора последна контрола за македонските ракометари пред ЕП: Велко Марковски неизвесен за ЕУРО 2020, Брестовац ќе чека до последен момент

Машката македонска ракометна репрезентација вечерва (19:30 часот) ќе ја има и последната контрола пред новиот настап на Европскиот шампионат. 
 
Македонските ракометари кои се подготвуваат за шестото учество на континенталните првенства, во Словенија против Црна Гора ќе ја имаат „генералната проба“.
 
Откако пред два дена загубија од Словенците, меч во кој со повреда на окото се здоби и дефанзивецот Велко Маркоски, селекторот Данило Брестовац принудно ќе мора да бара алтернатива за него. 
 
Како што потврдуваат од Ракометната федерација на Македонија, докторите на Марковски кој доби удар во окото, му препорачаа да прави пауза од 14 дена, што практично би значело дека тој ќе го пропушти Европското првенство.
 
Според најавите Марковски  треба да се врати во Македонија каде ќе направи и нови прегледи во надеж дека резултатите ќе бидат поинакви и дека искусниот ракометар сепак ќе може да патува за Виена. 
 
А, останатите. По вечерашниот меч со Црна Гора остануваат во Словенија се до 9 јануари кога заминуваат во Виена, каде ден подоцна (10 јануари) ќе го одиграат и првиот меч против селекцијата на Украина. 
 
Оваа селекција ќе биде и одлична можност македонските ракометари со победа да го започнат шампионатот. Оптимизмот се должи пред се на искуството и квалитетот кој е на наша страна, како и лошите резултати кои Украинците ги имаат во подготвителниот период во кој денеска загубија од Тунис со 32-34, откако претходно беа совладани и од Холандија и Швајцарија. 
 
Затоа пак вториот наш противник на Еуро 2020, Чешка против која ќе играме на 12 јануари попладнево беше убедлива во дуелот против Унгарија. Откако Чесите пред два дена загубија со 24-27, денеска ги совладаа Унгарците со 31-22. 
 
Покрај Украина и Чешка противник на Македонија во „виенската„ група ќе биде и ко-домаќинот Австрија селекција против која ќе играме на 14 јануари.