Спорт плус
2. September 2016 - 8:58

Црна Гора подобра од Македонија во пријателски дуел

Македонската одбојкарска репрезентација синоќа загуби во првиот од двата пријателски натпревари на гостувањето кај Црна Гора. Домаќинот го доби натпреварот со 3:0 во сетови (25:18; 25:16 и 25:23). 
Ова воедно беше и прв натпревар за повратникот на клупата на Македонија, селекторот Николај Жељасков.
Македонија се подготвува за квалификациите за Европското првенство. Нашата репрезентација е во групата со селекциите на Естонија, Чешка и Романија. Двата турнира ќе се играат во Крајова (Романија, 15-17.септември) и во Јаблонец (Чешка, 23-25.септември).
Македонија попладнево (почеток 16:30 часот) ќе одигра уште еден контролен дуел со Црна Гора.