Балкан
4. February 2021 - 11:32

Црна Гора на второ место во Европа според бројот на новозаразени со коронавирус

Црна Гора е на второ место во Европа според бројот на новозаразени со коронавирусот на 100.000 жители, покажуваат податоците од европските статистички центри.

Португалија е на прво место според бројот на нови случаи од 25 јануари до 1 февруари, а Шпанија е на трето место.

Словенија е на осмото место меѓу 45 европски земји, Албанија на 17, Србија на 21, Северна Македонија на 34, и Хрватска на 38 место.