Црна Гора интензивно преговара за купување вакцини против Ковид-19
Владата на Црна Гора интензивно преговара за набавка на вакцина против Ковид-19, изјави денеска министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ, без да прецизира кога ќе почне вакцинацијата.
Таа повтори дека тоа најверојатно ќе биде на крајот на јануари или почетокот на следниот месец.
Таа додаде дека за набавката на вакцината се водат билатерални преговори со производителите, но и преговори во рамките на иницијативата Ковакс.
– Овие преговори се интензивни. Имаме договори со сите производители и сите земји што нудат вакцина, изјави Боровиниќ Бојовиќ, на презентацијата на Националната стратегија за имунизација против новиот вирус.
– Се надевам дека вакцинацијата ќе почне на крајот на јануари или почетокот на февруари, но сега не можам да кажам конкретен датум.
Таа ги повика граѓаниоте на државата да бидат трпеливи.
Ново на Сител
-
9 починати пациенти и 722 нови случаи на Ковид-19
-
Приведен криминалец баран од германската полиција
-
Меркел: Жените се несразмерно погодени од пандемијата
-
Милошоски: Заев потврди дека на Македонија и е потребна нова Влада, сегашното мнозинство е неефикасно
-
ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме за разговори за експертска влада, но да ја предводи заеднички прифатлива натпартиска личност
-
СДСМ: За внатрепартиски интереси Мицкоски кочи важни државни процеси, затоа постојано е поразуван од граѓаните
-
Милошоски: Власта наместо да менува министри за финансии секоја години, нека понуди реални проекти што ќе му помогнат на туризмот и стопанството
-
МВР спроведува анкета за оценување на работата на сообраќајна полиција